Интер се засилува со Даглас

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека екипата на Интер е заинтересирана за ангажман на дефанзивецот на Твенте, Даглас, за кого интерес веќе пројавија и Њукасл, Фулам и Ридинг.

Интер веќе подолго време го прати Даглас од Твенте, а во текот на месецов ќе се обиде да го придобие и да го ангажира, практично овој фудбалер би претставувал големо засилување за Интер во дефанзивната линија.

Високиот Даглас се наоѓа на мета и на премиерлигашите Њукасл, Фулам и Ридинг.

Даглас Франко Теишер има 24 години, роден е во Бразил, но се одлучи да ги брани боите на Холандската фудбалска репрезентација.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: