Флертот одсекогаш бил атрактивен за сите хороскопски знаци. Но, дали знаете кој хороскопски знак на кој начин флертува.
Дали е таинствен на тоа поле или отворено ќе ви каже дека му се допаѓате?
Овен
Овие хороскопски знаци не сакаат да заобиколуваат, па директно ќе ви кажат дека им се допаѓате. Понекогаш сакаат да играат таинственост, но може да се издадат преку нервозните движења.
Бик
Биковите се најчесто традиционални и контроверзни, па ако им се допаѓате ќе ви се додворуваат на старински начин. Доколку почнат да ве прашуваат за вашата омилена боја, цвеќе или храна тогаш дефинитивно сакаат да ве поканат на состанок.
Близнаци
Близнаците со своите умови се вечно будни и активни, па сакаат да разговараат со сите на најразлични теми. Понекогаш е малку потешко да ги сфатите дали флертуваат со вас или едноставно се пријателски настроени. Доколку почнат да ве прашуваат лични прашања тогаш најверојатно веќе почнаа да флертуваат со вас.
Рак
Раковите се главно ориентирани кон семејството, па доколку почнат да се однесуваат емпатично тогаш сакаат нешто повеќе со вас. Ако се постават заштитнички кон вас, тоа е чекор напред, а доколку ве повикаат да се запознаете со неговото семејство, тогаш дефинитивно ве планира за нешто повеќе.
Лав
Лавовите се склони кон драма и понекогаш е тешко да сфатите дали преку своите спектакуларни настани имаат искрени чувства кон вас или едноставно само позирање. Доколку им се допаднете и почнуваат да флертуваат со вас, тоа ќе го приметите ако ве остават да бидете во центарот на вниманието и ќе уживате во тоа.
Девица
Девиците најчесто се логични и практични. Тие немаат посебни гестови преку кои би сфатиле дали им се допаѓате или не. Доколку уживаат да слушаат за тоа како вие се чувствувате и уживаат во вашето друштво тогаш вие сте нешто посебно за нив.
Вага
Вагите се избалансирани и искрени. Тие секогаш имаат слободен став, па некогаш преку знаците се конфузни и не би знаеле дали се само пријатели или има тука нешто повеќе. Доколку ве пуштат во својот свет и ве поканат на некое романтично дружење тогаш дефинитивно им значите нешто повеќе од само еден обичен пријател.
Скорпија
Флертот на Скорпијата се одвива со погледи. Доколку ја забележите како ве гледа од другата страна на просторијата,е ќе се почувствувате како да сте сами. Скорпијата најчесто на почетокот се однесува ладно, но нема залудно да троши време во разговори со вас доколу не и се допаѓате.
Стрелец
Стрелците се забавни и отворени, па своето пријателско раположение често може да го замени со романтично. Доколку поминува доста време со вас, тогаш тоа е прилично добар знак дека му се допаѓате.
Јарец
Јарецот никогаш не ги покажува сите карти на маса. Но, доколку реши да украде време од работа за да се види со вас и да ве смести во својот натрупан распоред, веројатно ве гледа за потенцијален партнер.
Водолија
Доколку им се допаѓате на Водолиите тогаш тие ќе се шегуваат со вас и истовремено ќе ве провоцираат. Тие знаат преку интелектуален разговор да го привлечат вашето внимание и да ве освојат.
Риби
Рибите не е тешко да ги прочиташ. Ако им се допаднете на Рибите ќе ве “нападнат“ со нежности и внимание. Знаат да ве освојат со портрет или песна и преку нив да ги искажат своите чувства кон вас.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: