Новиот фудбалер на Ливерпул истакна големо задоволство поради фактот што во иднина ќе ги брани боите на Ливерпул.
По големите претпоставки и долги преговори, Даниел Стериџ конечно пристигна во Ливерпул.
По заминувањето од екипата на Челзи и посетата на својот нов клуб и соиграчи пред мечот со Сандерленд, Стериџ во првото интервју го истакна своето големо задоволство поради фактот што во иднина ќе игра за екипата на Ливерпул.
„Воодушевен сум. Дојдов во еден од најголемите клубови во светот, чест е да се биде дел од Ливерпул“ изјави Стериџ.
Среќен што преговорите беа завршени без проблеми, Стериџ едвај чека да заигра за Ливерпул.
„Впечатокот е огромен, едвај чекам да играм за овој тим“ беше изјавата на Стериџ.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: