Шведскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, има големо мислење за Мари Балотели, својот некогашен соиграч од Интер.
Златан Ибрахимовиќ играше две години заедно со Марио Балотели во Интер, швеѓанецот истакна дека е невозможно да не се сака Марио Балотели.
„Секој кој поминал со него барем пет минути, тогаш сигурно го засакал. Иако со него е тешко да се работи понекогаш, секој тренер со кој сум работел до сега ќе ви каже дека Балотели е тип на играч кој секогаш ве смее“ изјави Ибрахимовиќ.
Популарниот Ибра има само пофалби за фудбалските квалитети на Балотели.
„Марио е посебен играч и премногу посебен талент. Кога игра онака како што умее, треба да имате во предвид дека може да ве победи во секое време“ изјави Ибрахимовиќ.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: