Во шпанските медиуми излезе информација дека Радамел Фалкао му дал збор на Реал Мадрид и речиси се договориле за условите, па во јуни Колумбиецот би можел да се пресели на „Бернабе“.
Оваа информација излезе во Шпанските медиуми која беше на големо пренесена, претседателот на Атлетико наводно оваа информација ја пренесол преку свои пријатели, па тие ја пренеле до одредени тамошни медиуми.
Тој е лично во добри односи со ривалскиот претседател Флорентино Перез и најверојатно ќе даде зелено светло за трансфер во јуни.
Фалкао нема намера да ја смени датата според тоа како се имаат договорено и тој веќе им порачал на англиските клубови дека нема да се пресели кај нив. Доаѓањето на Фалкао во Реал би било големо засилување за Флорентино Перез кој во лето треба да распише избор за претседател на овој клуб.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: