Семеен викенд во Cineplexx

По повод Божиќните празници киното Cineplexx ќе организира семејна забава исполнета со многу активности.

Од петок до недела, најмладите и нивните семејства ќе имаат можност да уживаат во филмовите кои се на репертоарот на киното и да се дружат со своите омилени ликови.
Во рамки на семејниот викенд филмските љубители ќе можат да ги погледнат новите неделни филмови, акциониот „Џек Ричер“ и хоророт „Тексашки масакр со моторна пила 3D“.
За најмладите ќе бидат прикажани и актуелните наслови за деца „Ѕвончица и тајната на крилјата 3D“, „Хотел Трансилванија“, „Храбрата Мерида 3D“, „Растури ги Ралф 3D“, и „Пет легенди 3D“.
Во периодот од 12 до 17ч децата ќе се забавуваат во холот на киното со разновидната програма и ќе се дружат со маскотите. Тие ќе можат да ги проследат згодите и незгодите на кловнот кој ќе ги насмее најмладите. Децата ќе добијат и цртежи на лице од дизниевата принцеза. За време на викендот ќе бидат присутни и маскотите Пуканка (Cineplexx), Зајакот (Nesquik) и Мечето (Haribo) кои активно ќе ги анимираат посетителите и ќе се фотографираат со нив.
Нестлé Адриатик заедно со Nesquik ќе им овозможи на дечињата да се внурнат во светот на задоволствата со своето чоколадно млеко. Тие ќе можат да ja вкусат својата омилена напивка за време на посетата. Присутни ќе бидат и Haribo гумените бомбони кои бесплатно ќе бидат поделени на секое дете со купен кино билет.
Во соработка со PlayStation ќе биде поставен стенд со играта Sport Champions 2, преку која ќе може да се симулира натпреварување со скијање и тенис.
Во текот на овие денови посетителите ќе можат и да го купат семејното мени по намалени цени.
Киното во недела ќе работи со скратено работно време до 18.30ч. Во останатите денови и за време на училишниот распуст Cineplexx ќе работи и во попладневните часови како и за викендите.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: