Градските власти на Конкорд во сојузната американска држава Масачусетс, донесоа нов закон со кој се забранува продажба на вода во пластични шишиња.
Од Нова година, секое сервирање вода во пластични шишиња е незаконско, а со овој потег, се обидуваат да го зголемат користењето вода од чешма и со тоа да придонесат во решавање на проблемот со загадувањето.
Џин Хил, 84-годишен активист ја осмисли оваа забрана, и вели дека празните пластични шишиња ги преплавуваат отпадите, а компаниите заработуваат многу пари празнејќи ги чешмите и продавајќи ни вода што и сами можеме да си ја налееме и да потрошиме многу помалку.
Кога прв пат ќе биде прекршен законот, тој што продавал вода ќе биде опоменат, за втор пат следи казна од 25 долари, а трет пат 50 долари.