Порано ТВ програмите беа преполни со шпанските сапуници.
Нема кој не ја гледал барем Касандра, која беше прва сапуница што доживеа неверојатен успех, а подоцна следеа и Љубовни врски, Другата во мене, Росалинда, Марисол, Дивиот ангел, Млади бунтовници , Малиот град Инферно, Скриени страсти и многу други.
Шпанските сапуници, односно аргентинските, во секој случај терминот шпански го користиме, направија бум на интернационално ниво. Беа гледани, а и сеуште ги гледаат луѓе од сите возрасти, без разлика на тематиката на серијата… не дека имаа некоја особена, а камоли различна тематика едни од други. Особено младата популација беше заразена со овие сапуници кои годишно излегуваа по милиони, иако, ако поубаво размислите не испраќа добра порака или морал кон публиката. Како и би испраќале добра порака, кога се што можевме да видиме беа неверства, промискуитетни мажи и жени кои би наштетиле на сопствената фамилија за да дојдат до туѓите пари или туѓата сопруга или сопруг.
Денес пак, ТВ програмите се преплавени со турски серии, новиот тренд во светот на сапуниците, барем кај нас. Меѓутоа, се чини дека турските серии се за некој степен поозбилни и не преовладува кичот. Се држат до одредени морални вредности, верноста, почитувањето кон постарите, а и општо почитта на луѓето едни спрема други. Меѓу другото, опфаќаат и историски настани, како и откривање факти кои се од голема важност, односно скриените вистини за светот на криминалот, политика и бизнисот, како и фунционирањето и манипулацијата на подземјето. Добар пример за тоа е серијата Долина на волците. Меѓу останатите попознати турски сапуници кај нас се и Величествениот, Шехерезад, Кога лисјата паѓаат, Бурни времиња, Плачот на виолината, Ифет и други.
Иако има разлика помеѓу шпанските и турските сапуници, сепак и двете содржат еден голем куп, како што би рекле, перачи на мозокот, па дури и кога ќе се појави некоја серија со предобра тематика, глупавоста на повеќето можат да ја уништуваат репутацијаат на истата.
Кои се вашите фаворити, шпанските или турските?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: