Спринтерот од Јамајка Јохан Блејк стана вториот најбрз човек во историјата на 100 метри, истрчувајќи ја оваа дистанца за 9,69 секунди.
Резултатот Јохан Блејк, кој е актуелен светски шампион во оваа дисциплина, го постигна во четвртокот навечер на митингот од серијата на „Дијамантската лига” во швајцарскиот град Лозана.
Досега побрз од него на 100 метри во историјата е само неговиот сонародник и пријател Усеин Болт, и тоа во два наврата, од кои еден кога го постигна светскиот рекорд од 9,58 секунди.
Времето од 9.69 секунди освен Блејк, успеа еднаш, и тоа пред три години, да го истрча и Американецот Тајсон Гај, кој во Лозана беше втор со реузлтат од 9,83 секунди.
Усаин Болт во Лозана трчаше на 200 мери и постигна добар резултат од 19,58 секунди, со што се рабзира победи со рекорд на митингот.
(макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: