Македонскиот олимписки комитет (МОК) финансиски ја поддржа ракометната репрезентација, која од 11. јануари ќе учествува на Светското првенство во Шпанија.
„Вие во континуитет постигнувате добри резултати. Вие сте дел од херојската спортска нација на македонскиот спорт. Во тоа име и целата верба што ја имаме во македонските спортисти и во оваа репрезентација МОК уште еднаш е во тесна соработка со федерацијата и обезбеди нови средства. Среќни сме што на еден ваков начин уште еднаш сме во можност да го поддржиме вашите напори за уште едно големо и успешно натпреварување“, рече првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.
МОК обезбеди дополнителни финансиски средства во вкупен износ од 20.000 долари, средства кои се веќе префрлени на сметка и дадени на користење на РФМ, со единствена намена, постигнување на врвна спортска форма на нашите најдобри ракометари за време на Светското првенство во Шпанија.