Веќе со векови астролозите ја анлизираат врската помеѓу ѕвездите и нивното влијание врз човековото тело.
Еве неколку корисни информации за тоа како знаците се поврзани со нивното тело.
Овен
Овој знак се води според својата глава. Тие секогаш кога се возбудени или лути ја движат својата глава на напред а телото им останува назад. Таа исто така највеќе им е подложна на повреди така да не е ништо чудно што имаат по некоја трајна лузна на челото.
Бик
Биковите најмногу ги движат своите раменици и вратот. Најголем дел од енергијата на телото им е токму во овие делови кои им се исто така нај чувствителни. Затоа повеќето бикови скоро секогаш стојат исправени.
Близнаци
Тие се водат според белите дробови, рацете и дланките. Со секој здив во белите дробови влегува воздух, а на тој начин го храни мозокот и му дава енергија на телото. Кај Близнаците оваа енергија е поголема од останатите знаци, осбено кога и рацете ќе дојдат во комбинација тогаш тие не може да се запрат.
Рак
Наголемо влијание кај нив имаат градите. Затоа кога има некаков конфликт тие прво ги повлекуваат градите назад. Важат за едни од нај малку агресивните знаци во зодијакот.
Лав
Лавот е владетел на срцето. Тој ја концентрира целата енергија во срцето за да ги задоволи неговите желби. Затоа ќе го забележиме како гордо се движи по патот.
Девица
Девицата е предводена од стомакот. Секогаш кога тие се загрижени тој прв почува да се стега и поради тоа повеќето девици имаат рамен стомак. Но исто така ако нешто не е во ред тогаш тие ќе го почувствуваат тоа и веднаш реагираат.
Вага
Вагата е владетел на бубрезите и долниот дел на грбот. Тие имаат одличен баланс бидејќи се предводени од средниот дел на телото. Енергијата цело им време циркулира од една страна на бубрегот до друга.
Скорпија
Скорпијата има најголема контрола врз колковите и гениталните органи. Затоа тие се движат на специфичен начин. Тој важи и за еден од знаците со голема сексуална енергија.
Стрелец
Стрелецот е предводен од неговите бедра. Поради тоа тој сигурно чекори по земјата. Неговите цврсти и големи бедра му даваат изглед како на коњ.
Јарец
Овој земјен знак е предводен од неговите колена. Како што се движат тие најмногу се потпираат на нив. Тие не се толку брзи колку што се подготвени да издржат напор.
Водолија
Карлицата е нивен најцврст дел од телото. Женските преставници на овој знак имаат послесен пораѓај.
Риби
Тие се предводени од стапалата. Затоа многу од нив се одлични пливачи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: