За клуб од толкава величина, Спортинг Лисабон едноставно „произведе“ големи фудбалски имиња од својата школа, несомнено Кристиано Роналдо е најдобриот „производ“ на оваа „фабрика за фудбалски таленти“.
Многумина љубители на Фудбалот кога станува збор за големи фудбалски таленти и најдобрите фудбалски школи во светот, со сигурност ќе ви ја посочат фудбалската школа на Ајакс, но, со текот на времето се чини дека во фаза на целосна афирмација си дојде на своето професионалниот пристап кон големите фудбалски таленти од страна на Спортинг Лисабон.
Големи фудбалски имиња излегоа од оваа фудбалска школа, можеби сето тоа започна со Луиш Фиго, играч топ-класа кој со сигурност можеме да потврдиме дека беше еден од најдобрите „израснати фудбалери во Спортинг Лисабон“.
Не треба да изненадува фактот што голем број на млади таленти ги поминаа младинските погони на Спортинг Лиасбон или дека Манчестер Јунајтед го избра португалскиот тим за партнер во Португалија. Двата клуба имаат договор да препраќаат млади фудбалери и тренери едни кон други за искуство.
Асистентот менаџер на целава оваа процедура, Карлос Квеироз, го знае клубот сосема добро како поранешен тренер на португалскиот тим, тој ги донесе Роналдо и Нани од Спортинг.
Поранешниот играч на Порто, Астон Вила и поранешен репрезентативец на Португалија, дефанзивецот Фернандо Нелсон ја обелодени причината за успесите на клубот.
„Спортинг Лисабон зависи од младите. Тие се едноставно нешто што го одржува клубот, од финансиска или каква била гледна точка и да гледате. Очигледно, тие се обидуваат да им ги дадат најдобрите услови на младите фудбалери и исто така ги плаќаат многу повеќе отколку другите“ вели Нелсон.
Меѓу-другото, дефанзивецот продолжува…
„Тие се обидуваат да направат нешто слично како со Ајакс. Доведуваат топ-таленти и во иднина се обидуваат да не ги продадат сите млади ѕвезди, но го балансираат целиот тој процес со продажба на еден од нив и со тоа купуваат одредени играчи со кои освојуваат трофеи“
„Тие мораат да продадат играчи како Роналдо, и Нани, бидејќи понудите се огромни. Имаат големи финансиски средства потоа, потоа нормално го балансираат тимот со одредени засилувања со што ја обезбедуваат иднината во поглед на играчкиот кадар и повторно следи процедурата со пронаоѓање на нови таленти“ изјави Нелсон.
Дефинитивно во Португалија има огромно „враќање“ во поглед на оваа политика кога станува збор за принципот со младите таленти, а кога ќе ги погледнете денешните португалски ѕвезди кои се предводници на португалската селекција, тогаш ќе ви стане јасно дека Спортинг има целосен континуитет во оваа политика со „производство“ на млади таленти.
Со сигурност можеме да потврдиме дека дефинитивно „златната генерација“ на фудбалери кои два пати го освои Светското Првенство за млади фудбалери во 1989 и 1991 година под водство на Карлос Квеирос, а беа предводени од Луиш Фиго, Руи Кошта, Жоао Пинто и Фернандо Коуто, добро познати на големите љубители на фудбалот и големите познавачи на меѓународниот фудбал.
Би можеле да започнеме со Луиш Фиго, португалецот во 1989 до 1995 година забележа 137 настапи за Спортинг Лисабон каде постигна 17 погодоци. Раскошниот талент со кој располагаше овој фудбалер беше забележан од Барселона каде во 1995 година премина во каталонскиот клуб со кој забележа 172 натпревари и постигна 30 голови. Потоа во 2000 година следеше незаборавниот трансфер во најлутиот ривал на Каталонците, екипата на Реал Мадрид каде играше пет сезони играјќи на 164 натпревари притоа постигнувајќи 36 голови за овој тим. По петте минати сезони во Реал Мадрид преминува во Интер и игра до 2009-тата година, одигра 105 натпревари за овој тим и постигна 9 голови. За селекцијата на Португалија имаше 127 настапи каде постигна 32 голови.
Кристиано Роналдо, започнува во младинските погони на Андориња во 1993 година, во 2002-рата година започнува со настапи за сениорскиот тим на Спортинг Лисабон каде игра само една сезона притоа забележувајќи 25 настапи и 3 голови. Неговиот талент е за брзо време забележан и тој се сели во Манчестер Јунајтед каде игра цели шест сезони, забележа 196 натпревари и притоа постигна 84 голови за овој тим. Пред да премине во англискиот премиерлигаш на големите љубители и познавачи на меѓународниот фудбал сигурно им е добро познат неговиот „двобој“ со Манчестер Јунајтед каде покажа маестрална партија и ги демонстрираше своите фудбалски спобности. Во 2009-тата година премина во Реал Мадрид каде настапува и во овој момент, на 118 натпревари постигна неверојатни 126 голови. За селекцијата на Португалија одигра 100 натпревари до овој момент и постигна 37 голови.
Нани, дефинитивно фудбалер кој апсолутно заслужува да го ставиме во оваа сторија. Започнува во младинските погони на Реал Масама во 2000-тата година. Во 2003-тата година се сели во младите категории на Спортинг Лисабон а две години потоа е повикан и во сениорскиот тим на Спортинг каде одигра две сезони притоа забележа 58 натпревари притоа постигнувајќи 9 голови. За Португалија одигра 62 натпревари и постигна 13 погодоци.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: