четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се пролеа крв за Ана Николиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новогодишниот концерт на Ана Николиќ бил прекинат откако настанала жестока тепачка со метални шипки. Додека таа пеела на сцената на „Боливуд“, некаде околу 2 часот по полноќ избила крвава тепачка токму заради неа.

Имено, на настапот дошло момче од обезбедувањето на клубот „Театро“ и сакајќи да го привлече нејзиното внимание со покажување сила тој најпрво удрил едно момче од обезбедувањето на „Боливуд“, но неможејќи сам да се пресмета со целото обезбедување,  ги повикал своите колеги, обезбедувачи на „Театро“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тепачката кулминирала кога момците започнале да се користат метални шипки. После еден час непрекината борба пристигнала Интервентната единица, која го обезбедила просторот.

Иако имало крв  насекаде, за среќа сите поминале со полесни повреди, односно немало никој чиј живот е во опасност.

Марко Николиќ, брат и менаџер на Ана, не сакал да даде изјава по повод овој инцидент.

 

Поврзани вести