Ву Руибиао, кој секој маж би го посакал за дедо, на својот зет покрај миразот од 193 милиони евра во пари, недвижности и акции, дал и неколку милиони во добротворни цели.
Тој тоа го направил за да им ја осигура среќата на младенците во бракот. Раскошни вили, локали, четири кутии со злато, Порше, Мерцедес, акции, дебела сметка во банка со почетен капитал од скромни 4 милиони евра, и многу повеќе…
Тоа е само дел од луксузот кој кинескиот бизнисмен Ву Руибиао и ги дал на својата ќерка како мираз. Вкупната вредност на миразот е 193 милиони евра.
За неговата миленичка, ништо не е премногу. Автомобилот го замотал со црвена трака, а златото го ставил на нејзиниот кревет. Кинескиот милијардер се занимава со продажба на кујнска опрема и тоа очигледно многу успешно. Неговата ќерка, се венчала со нејзината симпатија од детството, кој како што многумина сметаат „паднал во мед“.
Младите оделе заедно во училиште, а патиштата им се раздвоиле кога се запишале на различни факултети. По пат на игра на случајности, тие повторно се сретнале и одлучиле да се венчаат. Ако дедото од соништата, не претерал со великодушниот мираз, со свадбата претерал сигурно. Имено, свадбата траела цели 8 дена.
Дедото ја осигурал нивнат среќа во бракот…
Пронајдете не на следниве мрежи: