Некогашниот репрезентативец на Англија се наоѓа на излезните врати на Ливерпул.
31-годишниот Џо Кол дефинитивно го напушта тимот на Ливерпул, клубот му соопшти дека е слободен во изборот на новата средина.
Кол кариерата би можел да ја продолжи во Вест Хем, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори, или пак Квинс Парк Ренџерс поради добрата соработка со Хари Реднап.
Џо Кол не можеше да ја пронајде својата вистинска и препознатлива форма во екипата на Ливерпул, каде стигна од екипата на Челзи во 2010-тата година.
Минатата сезона ја помина на позајмица во екипата на Лил, се врати во Ливерпул, но работите воопшто не се променија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: