На кои работи не треба никогаш да штедите

Иако ова се тешки времиња на економска криза, сепак постојат неколку работи за кои што штедењето едноставно не е паметна работа. Напротив, во овој случај, долгорочното штедење е ризично и скапо.

 

Сигурно не постои човек кој што не ја слушнал онаа добра стара порака “Колку пари, толку музика”.

И навистина, и покрај тоа што постојат многу производи за кои ова не важи во секоја ситуација, постојат неколку работи за кои во никој случај не треба да се обидете да заштедите ниту денар.

 

1. Алкохолни пијалоци

Заборавете на онаа теорија дека убивањето на мозочните клетки со алкохол е здраво.

Пијалоците на дното од рафтовите во продавниците често не ги задоволуваат ни минималните стандарди за квалитет и тие можат да ви предизвикаат цела низа на трајно штетни последици по здравјето, во споредба со кои мамурлакот е само детска игра.

Оставете ги рекламите, најдобрата вотка во светот не се произведува некаде во Сибир, туку под строг лабораториски надзор.

 

2. Тоалетна хартија

Тоалетната хартија е изум кој што означува крај на еден долг варварски период и почеток на подобра, поцивилизирана доба.

Доколку сметате дека тоалетната хартија не се вбројува во категоријата на важни изуми, како што е пеницилинот и тркалото, тогаш ве предизвикуваме да го помислите истото и следниот пат кога ќе заглавите во тоалетот со стомачен вирус.

Како и да е, повеќе слојната тоалетна хартија воопшто не е ефтин маркетиншки трик.

Затоа направете му услуга на вашиот задник, и избегнувајте ја тоалетната хартија со лош квалитет.

 

3. Брич

Не е неопходно да ги купувате сите нови работи кои што ќе излезат на пазарот или за кои што ќе видите реклама, но квалитетниот брич е вистинско паметно вложување за живот со мазно лице и неиритирана кожа.

Иако можеби вашиот татко вели дека мажите ја “изгубиле кичмата” откако почнале да се бричат со брич, тоа не значи дека вие не треба да вложите во квалитетен брич со пет жилети.

 

4. Презервативи

Треба ли воопшто ова да се објаснува?! Добро, во цената на оние најскапите кондоми е пресметано и името на брендот, како и рекламата.

Сепак, тоа е само мал дел од вкупниот износ. Остатокот од цената се формира исклучиво според квалитетот на материјалите кои што се користат за нивна изработка.

Подобрите производители гарантираат дека секој презерватив е тестиран пред да биде пуштен во продажба.

Тоа значи дека тој кондом може да поднесе многу “казни” пред да пукне.

Од друга страна, кај ефтините презервативи тоа не е така. Па затоа, размислете дали навистина сакате да си го уништите животот за да заштедите неколку денари?

5. Душек

Секој кој поминал барем една ноќ без сон на неквалитетен душек, точно знае зошто душекот не е нешто на кое што треба да се штеди.

Изборот на идеален душек е работа која заслужува да и биде посветено време, но и пари.

Добриот душек со години ќе ви биде верен придружник, додека оној кој нема да ви овозможува добар и мирен сон, постојано ќе ве потсетува на неговите недостатоци.

Покрај секојдневниот стрес и нервоза, тоа навистина е последната работа која што ви е потребна.

6. Чадор

 

Не може да се тврди дека чадорот од 100 денари нема да “си ја заврши работата” и да послужи како решение во последен момент.

Но, од друга страна, доколку барате нешто што ќе издржи под било кој ветер и дожд, тогаш размислете за купување на поквалитетен и поиздржлив чадор.

Верувале или не, сосема е возможно тоа да ви биде поефтината варијанта на долг рок.

 

7. Батерии

Батериите се уште едно нешто од списокот на работи на кои оддаваме внимание само откако ќе се истрошат, а немаме при рака нови со кои би ги замениле.

Доколку не сакате вашиот целодневен излет да “заврши” по само 20 фотографии, тогаш купете батерии со подолг рок на траење.

Доколку не можете да си го дозволите тоа, батериите кои што се полнат се најдоброто долготрајно и најефтино решение.

Пронајдете не на следниве мрежи: