Одличниот напаѓач на англискиот премиерлигаш Свонси кој оваа сезона бележи одлични настапи се наоѓа на радарот на бројни клубови.
Освен ривалите од Премиер Лигата кои искажаа интересирање за 26-годишниот напаѓач кој Лаудруп го доведе од Рајо Ваљекано за само 2 милиони фунти, во трката за Миху се вклучија и руски тимоти.
Пред се, тука се мисли на Зенит и Анжи, кои како што пренесуваат англиските медиуми, сериозно се заинтересирани да го доведат Миху во сопствените редови.
Иако Свонси јасно им даде до-знаење на сите заинтересирани клубови дека Миху има голема вредност, тоа кај Русите едноставно не пали, тие наводно би ја платиле секоја оштета што би била побарана од страна на Свонси.
Се шпекулира дека Свонси бара околу 20 милиони фунти за Миху.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: