Поради расизам прекинат мечот Милан-Про Патрија

 

Пријателскиот натпревар помеѓу Милан и Про Патрија е прекинат во 26-та минута, откако навивачите на нисколигашот расистички ги навредувале црномурестите играчи на Милан. Во тимот на Милан на теренот биле Сали Мунтари, Кевин Принс Боатенг и Мбај Нијанг. 

Непосредно пред натпреварот да биде прекинат, Боатенг, лут од навредите го соблекол дресот и заминал во соблекувалната. Неговиот пример потоа го следеле сите играчи на Милан предводени од капитенот Масимо Амброзини.

„Разочаран сум и тажен, но мислам дека напуштањето на теренот беше вистинска одлука. Им се извинувам на семејствата и на децата кои дојдоа да го гледаат натпреварот и да уживаат во прекрасниот ден. во Италија најитно мора да се стави крај на овие нецивилизирани гестови“, изјавил тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. 

Натпреварот помеѓу Милан и Про Патрија се одиграл во местото  Бусто Арсизио.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: