Мистерот на Македонија е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Актуелниот мистер на Македонија, Ивица Симоновски, кој се закити со оваа престижна титула минатата година, денес беше тешко повреден во сообраќајна несеќа во Скопје.

 

Според првичните информации, Ивица не бил виновен за сообраќајката. Тој возел од Чаир кон центарот на градот, кога друго возило му го пресекло патот. Тој веднаш бил префрлен во Државната болница, во Ургнетниот центар, каде биле констатирани повреди и скршеници на екстремитетите и главата.

Се уште не е познато дали Ивица е во животна опасност или не. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: