Верните фанови на Македонската фудбалска селекција со поддршка за „ЧЕЛИЧНИОТ“ борец Горан Попов!!!

Горан Попов е пред преселба на „Островот“, во Премиерлигашот Стоук. Трансферот беше пред реализација, но пропадна поради технички причини кои се веќе добро познати на Македонската јавност, но, поседувањето на бугарскиот пасош му даде прилика на нашиот интернационалец да си ги зголеми шансите за трансфер во Премиер Лигата.

На социјалните мрежи вистински фанови и љубители на Македонскиот фудбал не ги забораваат неговите пожртвувани игри и настапи за националната селекција на Македонија, па ова е само потврда дека вистинските љубители на фудбалот добро знаат да ценат и почитуваат борбена игра за Македонската фудбалска селекција, така сите тие фанови со огромна почит му упатуваат огромна поддршка на големиот борец за националниот дрес, поддршката стигнува од сите страни.

Спортската редакција на „Пулс24“ си зеде за право да заземе страна на навивање, ние сме за поддршка за „ЧЕЛИЧНИОТ“, борецот за Македонската фудбалска репрезентација, Горан Попов.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: