Иако ѕидините од затворот ги чуваат вооружени чувари, во внатрешноста на овој затвор се случуваат вистински забави, се пуши марихуана и се пие алкохол. Затворениците продаваат и дрога и организираат борби со петли.
Венецуелскиот затвор на островот Маргарита однадвор изгледа како и секоја друга казнено-поправна институција, но одвнатре повеќе наликува на резиденцијата на Хју Хефнер.
Вооружени чувари ги чуваат затворениците и посетителите на нишан при влагањето во затворот, но внатре во истиот се слуша силна музика, девојките се во бикини, а во воздухот се чувствува мирис на марихуана…
“Повеќе од 2 000 затвореници тргувале со дрога и пред затворот, па во него само ја продолжиле својата работа. Осудениот криумчар Теофило Роригез е “врховен водач” на затворениците.
Го нарекуваат и Зевс”, пишува во репортажата на “New York Times”.Вооружени затвореници преку “Blackberry” мобилни телефони и лаптоп често организираат и убиства и киднапирања од затворот.
Истовремено, затворот е познат и како место на кое посетителите доаѓаат за да се “забавуваат”.
Во затворот може слободно да се купи дрога. Чуварите ги претресуваат при влегувањето во затворот, но не и при излегувањето. Друг начин на заработка на затворениците се борбите со петли.
Ќелиите се опремени со клима уреди и сателитски антени, а затворениците имаат и мобилни телефони, компјутери и камери. Додека тие ја одлежуваат својата казна, нивните деца се бањаат во затворските отворени базени.
Тие тврдат дека истите ги изградиле со свои пари. Дозволени им се и брачни посети. Иако женскиот затвор е одвоен со ѕид, 130 затворенички се мешаат со затворениците и меѓу нив има многу парови.
Затоа и разбирливо е што затворениците велат дека многу ретки се случаите кога некој се обидува да избега.
Пронајдете не на следниве мрежи: