19 годишната Сања Илиќ од Босна е еден од ретките случаи на Балканот кој може да се пофали со успешно отстранување на тумор од мозок без отворање на черепот на главата.
Имено, оваа тинејџерка уште пред 6 месеци прв пат се пожалила на болки во главата, кои првo биле дијагностицирани како настинка, па како мигрена. Откако тие станале неподносливи, таа полека почнала да го губи чувството на главата, особено во нејзините образи. На крај, и се изгубил и видот на едното око.
По сето ова, докторите од сараевската болница направиле магнетна резонанца на која се видел туморот во главата на Сања голем колку еден портокал!
Туморот бил поставен на доста незгодно место во главата, на горниот дел во средината и притискал доста крвни садови и затоа докторите не можеле да се решат да го отстранат на класичен начин, преку отворање на черепот.
По речиси 2 недели консултации и размислувања, докторите се решиле да ја направат операцијата на вадење на туморот преку самиот нос на тинјџерката. Операцијата траела цели 5 часа и била успешна.
Денес, Сања е среќна и здрава и одлично закрепнува.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24
Пронајдете не на следниве мрежи: