Вториот по големина авиопревозник во Германија, Ер Берлин соопшти дека НИки Лауда ја напуштил управната функција во компанијата за да се посвети на својата нова улога во тимот на Мерцедес во Формула 1.
Трикратниот светски шампион во Формула 1 беше „неизвршен директор“ на Ер Берлин, во чии рамки е и виенската авиокомпанија на Лауда, Ники.
Лауда на тимот на Мерцедес му се приклучува како „неизвршен претседател“ на Управниот одбор.
Возачите во овој тим оваа година се Луис Хамилтон и Нико Розберг.
Ер Берлин во четврток соопшти дека Лауда во Управниот одбор ќе го замени Остин Рид, поранешен извршен директор на британската авиокомпанија Бритиш Мидленд.