Во меѓународна полициска операција против педофилијата кон крајот на 2012 година се уапсени 245 луѓе, повеќето во САД и во уште шест земји, изјави во четврток во Вашингтон Џон Мортон, директор на Американската агенција за имиграција и царина.
Меѓу уапсените во операцијата „Санфлауер“ од 1 ноември до 7 декември 2012 година, 222 лица се од САД, а 23 во шест странски земји.
„Операцијата овозможила да бидат спасени 123 деца, од кои 110 во САД“, прецизираше Мортон.
Истражните органи во 2012 година уапсиле рекордни 1.655 педофили, а 292 жртви се идентификувани и спасени, пренесуваат агенциите.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.