Еротскиот танц „Сув секс“ опасен по гениталиите (Видео)

Еротскиот танц „Daggering“ кај нас познат како „Сув секс“, е причина за се почестите случаи на прелом на пенисот. Оваа појава во најголем процент се случува во Јамајка, а тамошната Влада видно загрижена апелира до младите да се воздржат од ваквиот вид забава.

Овој вид танц подразбира имитирање на сексуалните движења преку облека и опфаќа заземање на разни пози во зависност од ритамот на музиката. Меѓутоа честото внесување во изведувањето на овој танц резултира со груба игра и пресилно триење што доведува до прелом на пенисот и слични повреди.

Во Јамајка веќе започнаа и протести со кои од Владата се бара да се забранаат песните со латентна сексуална содржина.

Радиодифузниот сервис одлучи повеќе да не се снимаат такви спотови, ниту пак смеат да се даваат на телевизија оние кои веќе постојат.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: