Најмалку седум деца загинаа во пожар што во петок изби во сиропиталиште во северната кинеска покраина Хенан, јавија кинеските државни медиуми.
Пожарот избил во 8.30 часот по локално време и локализиран е за два часа, наведува државната новинска агенција Xinhua, пренесува BBC. „Четири деца загинаа во пожарот, а три им подлегнаа на повредите на пат до болницата”, додаваат од локалната власт.
Причините за пожарот не се утврдени.
Мештаните соопштиле дека жена по името Јуан Лихај користела куќа во областа Ланкао за да им пружи сместување на сирачињата и напуштените деца.
Во извештаите стои дека Јуан, улична продавачка, пружила сместување на десетици деца во текот на повеќе од две децении.
Се уште не е јасно колку деца биле во куќата кога избил пожарот и колку се повредени.
Во покраината Хенан забележани се неколку трагични инциденти со деца. Во декември човек со нож рани 23 деца во училиште во селото Чанпенг.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: