Убиецот од Швајцарија го убил и семејството на француските Алпи?

Полицијата испитува дали Швајцарецот кој во средата уби три лица и рани две во швајцарското место Дајон е поврзан со убиството на британското семејство ал Хили и велосипедистот на француските Алпи, јавува Сан.

Тричленото семејство и велосипедистот беа убиени во септември со швајцарски воен пиштол во селото Шевалин, кое е околу 160 километри оддалечено од Дајон.
Триесетгодишниот Швајцарец е поранешен војник кој одредено време посетувал и психијатар во средата пијан убил тројца свои познаници на возраст од 32, 54 и 79 години. Освен убиените, ранил и уште двајца, меѓу кои и пензионираниот шеф на полицијата кој наводно бил негов вујко .
Убиецот, кој заврши во болница откако полицајците го застрелале во градите, бил исфрлен од војската, бидејќи на луѓето им се заканувал со оружје.
Француската полиција најпрвин веруваше дека за убиството на Шевалин е одговорен професионален убиец, но потоа изјавија дека е можно убиецот да е некој кој е опседнат со оружје и има ментални проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: