Депардје: Ја сакам Русија!

Руски пасош му беше врачен на актерот Жерар Депардје од страна на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Актерот се изјасни дека тој лично побарал да добие пасош од оваа земја затоа што многу ја сака и е среќен што барањето му било прифатено.

„Да, јас лично го побарав пасошот. Ја сакам вашата земја Русија, ги сакам луѓето кои живеат во неа, историјата и писателите.“ – вели Депардје во писмото кое го испрати до руските медиуми.

Во своето изјаснување Депардје го пофали и рускиот режим на владеење како и нејзиниот водач Путин.

Актерот нагласува дека има огромна желба да го научи рускиот јазик и дека планира да се смести во некое убаво село во Русија, затоа што не сака да живее во огромен град како Москва.

Француските највисоки државни службеници велат дека е „бедно“ од страна на Депардје да се пресели во друга земја заради високите даноци во Франција.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: