Овие работници во српското министерството за земјоделство, инаку беа распоредени на советодавни функции во времето на претходниот министер Душан Петровиќ, пишува во четвртокот белградскиот дневен весник Вечерње новости.
Членовите на новата српска влада имаат обврска до крајот на август да му достават на министерството за финансии детални планови за заштеди во своите ресори, а тие кастрења ќе бидат пресметани во ребалансот на буџетот кој наголемо се подготвува.
Кастрења во министерството за внатрешна и надворешна трговија и во телекомуникациите најави и министерот Расим Љајиќ кој ги очекува извештаите во своите ресори за работата на економските дипломати. Како што пред две седмици најави Љајиќ, тие што не задоволуваат, ќе мора да се врата во Србија, а некои економски аташеа во странство може да бидат и затворени.
„Ќе ги укинеме економските дипломати во некои земји, доколку се утврди дека од нивниот ангажман има повеќе штета отколку полза“, повтори во четвртокот за Вечерње новости Љајиќ.
Освен укинувањето на проектите од поранешната власт, новиот предлог закон за министерствата предвидува министерот да има право во рок од 45 дена на владата да и’ предложи разрешување на службеник за кој ќе оцени дека не остварил задоволувачки резултати.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: