Напаѓачот на Арсенал кој не е во прв план кај Арсен Венгер најверојатно ќе ја промени средината овој месец, Вест Хем е најконкурентен за неговиот потпис.
Фудбалерот кој како слободен играч пристигна во Арсенал во Бордо пред две сезони, не успеа да се докаже како засилување за Арсенал, Мароканецот овие дена би требало да си замине од екипата на Арсенал.
Во игра за Шамак се неколку клубови, пред се италијански (Интер и Јувентус) , но желба на играчот е да остане во Премиер Лигата.
Имено, таа желба би можел да му ја исполни Вест Хем, кој, како што пренесуваат англиските медиуми, официјално започнал преговори со 28-годишниот напаѓач.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: