Еврозоната речиси сигурно повторно ќе потоне во рецесија, сугерира анализата на бизнис активнсота што ја направи Маркит Економикс, а која нагласува дека германската економија исто се лизга кон кризното подрачје.Индексот на потрошувачката на менаџерите (односно компаниите) во еврозоната покажува седма контракција на приватниот сектор во низа. Прелиминарните бројки од август покажуваат дека индексот е задржан на 46,6, колку што отприлика изнесуваше во јули, но јасен е падот на бројките за Германија.
Падот на индексот осмислен од Маркит Економикс може да се пресмета како пад на БДП-то во еврозоната во третиот квартал меѓу 0,5 и 0,6 отсто. Ако се знае дека во вториот квартал БДП во еврозоната паднал за 0,2 отсто, јасно станува дека може да се зборува за рецесија што се дефинира како два квартала со негативен раст во низа.
„Ќе биде потребен некаков неверојатен скок во септември за да се промени оваа проекција“, изјави Роб Добсон од Маркит, пренесува Фајненшл тајмс.
Во извештајот на Марките се наведува дека германската економија досега била кочница што спречувала економијата во еврозоната целосно да потоне. Но, сега расте загриженоста дека германската економија би можела да западне во проблеми.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: