Не ова не е нов крај на светот…
Покрај Земјата наредна недела, на безбедна одалеченост ќе помине астероидот Апофис кој ќе биде видлив како сјајна ѕвезда, а за оние кои имаат телескопи ќе можат да видат и нешто повеќе.
Одма после Божиќ, во четврток на 10 јануари, астероидот Апофис, кој е наречен по египетскиот бог на темнината, ќе помине покрај Земјата на релативно голема одалеченост (15 милиони километри), а астрономите предупредуваат дека можно е тој астероид да ја загрози безбедноста на Земјата во 2036 година.
Овој астероид, широк околу 300 метри повторно ќе помине покрај Земјата за 16 години, на 13 април во 2029 година, кога ќе биде на само 3,000 километри што е доста поблиску од некои комуникациски сателити. Следниот пат, неговото поминување ќе биде доста продаматично, а пак во 2036 година, ова небеско тело може да удри право во нас.
Во почетокот на оваа година, на 10 март, покрај Земјата ќе помине кометата Пан Старс, која би требало да биде видлива со голо око на северната хемисфера, а експертите предвидуваат дека таа позади себе ќе остави импресивен и долг опаш.
Наредната комета Исон ќе пројде на 28 ноември на околу 2 милиони километри од Сонцето, а се очекува да остави голема бела трага која ќе биде видлива во текот на неколку денови.
Оваа година ќе се случи и едно прстенесто и едно тотално помрачување на Сонцето. Прстенестото помрачување се случува кога Месечината ќе се најде точно помеѓу Сонцето и Земјата, но не толку за да може да го покрие целосно.
Прстенестото помрачување ќе се случи во мај, но нема да биде видливо во Европа.
Месечината потполно ќе го затемни Сонцето на 3 ноември, и таа појава ќе биде видлива од Европа.
Пронајдете не на следниве мрежи: