Се може да се очекува кога станува збор за големите фанови на одредени фудбалери, па така еден навивач му постави 12 барања на Златан Ибрахимовиќ за да му го препушти доменот (златан.фр).
1. Подари ми го својот дрес со моето име и да има натпис „Ти си најдобар по Златан“.
2. Живеј со мене месец дена.
3. Подари ми три доживотни влезници за натпреварите на ПСЖ, две за моите пријатели.
4. Победи ме во изведување на пенали.
5. Победиме во „теквондоу“. Слушам дека не си лош, а јас никогаш не сум тренирал па ти препорачувам да ја избереш оваа дисциплина.
6. Подари ми една од твоите работи за косата. Целата енергија најверојатно доаѓа од косата, па претпоставувам дека е слична ситуацијата и со тебе. Од твоите работи за косата можам да направам привезок за клучевите и тоа ќе ми даде енергија за до крајот на мојот живот.
7. Победи ме на ФИФА 13. Можеш да избереш клуб кој сакаш, но верувај ми дека нема да можеш да ме победиш.
8. Дај гол со „ножички“ од 30 метри на официјален натпревар. Се шегувам, тоа не е реално.
9. Дозволи ми да ти удрам шлаканица во јавност.
10. Подари и на мојата девојка фотографија без маица. Од сите понуди, оваа ми е најмалку драга. Доста ми е од тоа што мојата девојка секогаш те гледа и ужива во тоа кога ќе го соблечеш дресот.
11. Доведи го Нејмар во ПСЖ во летниот преоден трансфер-период.
12. Едноставно замоли ме да ти го предадам доменот, но лице во лице, и тоа на француски јазик.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: