Како да го победите целулитот

Целулитот ги напаѓа и витките жени, а освен скапите третмани него може успешно да го отстрани и правилната исхрана, тврди доктор John Degram…Под правилна исхрана се подразбира намалување на количината на нездравите масти во прехраната, а зголемување на хранливите влакна.

 

Имено, хранливите влакна делуваат како природен чистач на телото, а кај жените кои не козумираат доволно хранливи влакна нездравта, солена и масна храна оди директно во бедрата. Одличен извор на хранливи влакна се овошјето и зеленчукот, како и житариците. Треба да се избегнува храната која содржи многу токсини како што е преработената и брза храна. Доколку не знаете што има во некое јадење немојте да ги јадете, советува Degram.

 

Освен правилната исхрана, многу корисни се и редовните масажи. Сепак кожата не треба да се масира премногу јако како не би исчезнале масните наслаги зад кои многу често остануваат проширени капилари, кои можат да изгледаат многу полошо од целулитот. За масажа би требало да се користат природни масла како би се избегнале штетните состојки кои би ја влошиле ситуацијата.

 

Еве уште неколку корисни совети повразни со целулитот:

– Заради зголемена количина на естроген од храната и лековите масните клетки ја менуваат својата структура и создаваат целулит.

 

– Метаболизамот на женското тело е пореметен заради исхраната богата со транс-мастите и обработените билни масла, што предизвикува целулит.

 

– Недостатокот на корисни масти, како оние од маслиновото масло или костенестите плодови, исто така може да предизвика создавање на целулит.

 

Лосионите кои содржат минерални масла можат да ја влошат ситуацијата со целулитот бидејќи го блокираат впивањето на корисните состојки во кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи: