Супертаен проект на Американците за цунами-бомба

Проектот носи име Project Seal, а оружјето кое е тестирано треба да биде адекватна замена на атомска бомба. 

 

Во текот на тестирањето, Американците и Новозеланѓани детонирале дури 3,700 бомби. САД и Нов Зеланд изведуваат тајно тестирање со направа наречена „цунами-бомба“, која била дизајнирана за рушење на приобалните градови, по пат на огромни плимски бранови, предизвикани од подводни експлозии.

 

Тоа тестирање е изведено на подрачјето на Нова Каледонија и Окланд во Нов Зеланд во текот на Втората светска војна и покажала дека е можно да се направи оружје способно за креирање цунами бранови во висина од 10 метри, по пат на 10 сериски експлозии.

 

Проектот Seal, е оружје кое е адекватна замена за атомска бомба. Во текот на тестирањето Американците и Новозеланѓаните детонирале 3,700 бомби.

 

Плановите за тој проект излегоа на виделина во текот на истражувачка работа на новозеландскиот режисер Реј Вару, кој ги прегледа старите војни списи и документи во новозеландската државна архива.

 

Доколку атомската бомба не би била толку ефикасна, денес таа би можела да убива луѓе по пат на цунами. 

 

Проектот на почетокот на 1945 година, заврши на полиците бидејќи експертите докажале дека една експлозија не е доволна за покренување на цунами. 

 

За „цунами-бомбата“ да произведе резултат би била потребни 2 милиони килограми експлозив, ставени во 7,5 километри од обалата. 

Пронајдете не на следниве мрежи: