Колку чини најскапата пица во светот

Сопственикот на еден њујоршки ресторан Нино Селимај на менито стави пица која чини неверојатни 1.000 долари.

 

Веројатно најскапата пица на светот освен тесто, не содржи ништо слично како и класичната пица. „Парче од рајот“, како што ја нарекува Селимај, содржи четири различни видови кавијар, тенко сечкан опаш од јастог, лосос и васаби сос.

 

Сопственикот вели дека е свесен оти неговата гурманска креација не е за сечие непце, но постојат многу луѓе кои можат да си ја дозволат.

Пред кризата продавал по една пица неделно, а сега во најдобар случај продава една за цел месец. Оние кои ја пробале велат дека е неверојатно вкусна, а сите состојки освен тестото не се варат и не се печат.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: