четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ријана-лош пример

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ријана е позната по својата контроверзност во последно време, а овој пат тоа не е поради враќањето назад со Крис Браун. Не е прв пат Ријана да постави фотографија од „трева“, но овој пат како да отиде малку предалеку со тоа. Таа на својот профил стави фотографија од марихуаната што ја поседува, како и фотографија, веднаш до истата, на која држи марихуана во раката. Некои од нејзините противници стравуваат, дека овие слики даваат лош впечаток на нејзините млади фанови. 

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Уау, колку добро влијание си за младите девојки… т.е. не“, „Не разбирам што се обидува таа да докаже преку постирање слики со марихуана секој ден“, пишаа некои од коментаторите.

Ова доаѓа веднаш по нејзината последна узбуна, каде слика од нејзината „гангстер“ баба и модел од пушка, доведоа до прашањата дали Ријана ги почитува пиштолите. Прашањето е дали е таа неодговорна, или луѓето пак премногу сериозно ги сфаќаат нејзините медиумски постапки? Во секој случај, познато ни е дека голем број од најголемите холивудски имиња пушат марихуана. 

Поврзани вести