Страшната вистина за Дракула

Се започнува во Трансилванија – земјата која во 15-тиот век била лидер во заштитување на христијанската вера, романските херои и митските и нечовечки суштества како што се вампирите. 

Трансилванија од секогаш била асоцијација за вампири и за најозогласениот меѓу нив принцот Влад, кој е попознат по неговиот прекар Дракула.

Принцот Влад или Дракула е роден во 1431-ва година во Трансилванија, во централниот дел на Романија. Тој потекнува од благородничко семејство, каде што неговиот татко бил познат како “Дракул“ што во буквален превод значи “змеј“ или “ѓавол“. Во Романија, Дракула значи син на “Дракул“ односно “син на ѓаволот“.  Тој живеел во време на постојана војна. Во 15-ти век Трансилванија била цел на многу војувачи ширум Европа и светот. Дракула бил затворан од турските освојувачи кои го мачеле постојано и го врзувале во синџири, а по нив бил заробен и од Унгарците, кои исто така немале милост кон него. Таткото на Дракула бил убиен од освојувачите, а братот, Мирчеа бил ослепен со жешко железо и бил жив закопан.

Од 1448-ма до неговата смрт во 1476-тата година, Дракула се борел да го задржи својот перстол, па дури во еден период се борел против својот брат Раду. За време на своето владеење тој уживал во тортурата и убиствата. Омилениот метод на тортура му бил кога ги наденувал луѓето на кука и ги оставал да се мачат со таа болка, се додека не го испуштат последниот здив. Се верува дека, на тој начин има убиено и измачувано од 40.000 до 100.000 луѓе, во текот на своето владеење.

Понекогаш мртвите тела ги оставал на гавраните и мршојадците, а нивната крв ја пиел од сад и уживал како да пие некое благородно вино. Поради овој негов потег, населението во Трансилванија и цела Романија го сметале за садистички крвожеден вампир, но оние кои не верувале дека овие нечовечки суштества постојат, сметале дека овој негов немилосрден потег бил неопходен за враќање на редот во неговата сакана татковина и наметнување на страв и трепет кај армиите кои се стремеле кон освојување на неговата територија.

Во еден момент овој негов потег навистина дејствувал. Турската восјка почнувала да се повлекува, по наредба на султанот кој не можел да ја поднесе реата од распаднатите тела кои биле погубени од Дракула и оставани по улиците на Трансилванија.

Дракула бил убиен во 1476-тата година. Тој загинал во битка, каде што неговиот труп бил обезглавен, а отсечената глава била изложена во турскиот главен град Истанбул, како триумф на турската војска и тогашниот султан. Наводно, неговиот труп бил погребан во манастирот Снагов, во близина на Букурешт.

Оние кои веруваат во вампири и во легендата дека Дракула е всушност нивниот лидер, сметаат дека тој никогаш не умрел, само тивко спие и го чека вистинскиот момент да излезе од својот гроб и повторно да создава пустош и страв помеѓу населението. 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: