Каде е денес сексипилната Руби? (фото)

Сигурно ви текнува на сексипилната заводничка Руби која потекнуваше од сиромашно семејство и ја користеше својата убавина да заведува богати мажи кои ќе и го овозможат светот на богатите и живот каков што од секогаш сонувала да има. 

Но, понекогаш убавината не е најмоќното оружје кое може да ни помогне да успееме во животот и да бидеме богати, ако пред тоа не вложиме труд и време за исполнување на нашите цели и соништа. Оваа серија имаше навистина голема гледаност и пред се одлична приказна со поучен крај.

Сексипилната Руби ја глумеше мексиканската актерка Барбара Мори. Каде е таа денес и како изгледа? 

По завршувањето на серијата, Барбара Мори глумеше во уште неколку мексикански серии се до 2010-тата година кога и беше дијагностициран рана фаза на рак. По неколку месечната борба, таа денес е горда што успеала да се бори против таа ужасна болест и да продолжи да го живее својот живот. 

Погледнете како Руби (Барбара Мори) изгледа денес. 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: