Поранешен наставник од Блекпул, Англија, се борел од својата чудна, но сепак реална зависност-порно видеата.
Џејмс Клиф поради својата осумгодишна зависност ја загубил својата работа и со тоа си ја уништил кариерата.
Тој својата зависност од порно видеата ја опишува како зависност од цигари. Губел доста време во гледање порно видеа и понекогаш дури и додека одел на прошетки, гледал преку својот мобилен телефон. Тој имал девојка во тој период, од која се криел доста долго време.
Чувствувал вина и страв да не биде откриен, но сепак продолжувал со својата зависност.
“Се започна кога имав 15 години. Татко ми работеше доста далеку и мене по цели денови ми беше досадно. Почнав да истражувам на интернет и откривав доста интересни и возбудливи порно видеа. Трошев по пет часа во текот на ноќта за да разгледувам најразлични порно сајтови. За никој да не ме открие ги бришев линковите од историјата на интернет пребарувачот“, раскажува Клиф.
По две години тој почнал да се чувствува лошо и тажно бидејќи веќе му “снемало“ порно видеа за гледање.
“Се чувствував како секое видео да го имам по два пати изгледано. Така почнав да се претплатувам на сајтови за возрасни и да гледам нови порно видеа. Додека da се свестам веќе имав потрошено 5.000 долари од мојата заштеда“, изјавува англискиот наставник.
По кратко време девојката го напуштила и бил отпуштен од работа бидејќи бил лош пример за децата од англиското училиште. Џејмс сеуште се лечи од оваа зависност, за која тврди дека е доста честа појава изминатиов период посебно кај мажите. Затоа советува дека е потребно да се забрани или ограничи порнографијата.
Тој вели дека откако целосно ќе се излечи, ќе основа организација каде што ќе им помогне на сите оние кои имаат ист или сличен проблем со зависноста од порно видеа.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: