Земјотрес со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер е регистриран во саботата наутро во Тихиот Океан, 102 километри од Аласка, соопштија американските власти.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 102 километри западно од градот Грејг а жариштето е на длабочина од 9,6 километри, соопшти Американскиот завод за геофизика (USGS), во чие соопштение се наведува дека засега нема податоци за жртви или евентуални материјални штети.
Американскиот центар за опасност од цунами за Тихиот Океана објави дека потресот предизвикал потенцијално разурнувачко цунами, кое зафатило само дел од Аласка најблизок до епицентарот.
Нивото на морето по појавата на цунамито, како што се наведува во соопштението, не се заканува на другите брегови од Тихиот Океан.
Според американските медиуми, куќи се треселе во Џунеу главниот град на сојузната држава кој е оддалечен 330 километри од епицентарот на земјотресот, но немало материјални штети.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: