Порно-актерите задолжително ќе користат кондом?

Здравствените службеници на Калифорнија и Фондацијата за борба против сидата ја спонзорираа иницијативата која ќе бара од производителите на порнографијата да се користат кондоми при снимањето на видеата.

 

Ќе треба да се прават повремени проверки во однос на тоа дали порно актерите задолжително носат кондом додека снимаат, со цел да се намали ширењето на ХИВ-вирусот, сидата и други полово преносливи болести. 

Оваа нивна идеја привлече огромно внимание во Калифорнија.

Прозиводителите на порнографијата не се согласуваат со ова. Една неодамешна статија на Њујорк Тајмс покажа дека тие веќе преземаат доволно мерки во обезбедувањето на нивните актери и дека нема потреба од користење кондоми.

Во нивна одбрана тие тврдат дека пред да започнат со снимање бараат од актерите да им достава доказ кој потврдува дека се тестирани и дека имаат негативни резултати во однос болести како сифилис, гонореја, кламидија и ХИВ. Потоа, производителите на порнографија проверуваат дали овие резултати се добиени во последните 15 дена. Последна мерка е тоа што производителите прават повторно испитување кај секој актер/актерка за да се потврди дека не постојат било какви знаци на полово преносливи болести.

„Не мислам дека е дискутабилно прашањето дали ова успева“, изјави за Тајмс специјалист за ХИВ/СИДА д-р Алан Роналд од Канада. „Иако јас секогаш препорачувам користење кондом, со оглед на областа за која сум специјализиран, сепак мора да се признае дека критериумите на производителитена порнографијата се успешни.“

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: