Си ги заборавила силиконите во хотелска соба

Секој од нас кој патувал и престојувал во хотел, дефинитивно земал неколку сапунчиња или мали шампончиња од хотелската соба, или пак го заборавил полначот за телефон и некој пар чорапи.

Но, да ги заборавите вашите импланти за градите? Зарем?

Имплантите биле оставени од една гостинка во „Newcastle Central Travelodge“ хотелот, која патувала за Лондон да направи козметичка операција, откако ги купила во САД. 

Но, ова не е првпат хотелот да пронајде некои интересни нешта, кои се заборавени од посетителите. Друг гостин го заборавил своето персиско „Чинчила“ маче вредно околу 975 долари. Сопственикот на мачето брзал да стигне на настан за наптревар на мачки, при што го заборавил најбитното што му е потребно за тој настан.

Заборавањето на домашни миленичиња изгледа како вообичаена работа. Во „Bristol Severen View“ хотелот бил заборавен Монти – домашниот миленик питон. Исто така постоел гостин кој што заборавил полна корпа со краби, наменети за фестивалот на риби во близина на „Brighton Seafront Travelodge“.

А едни од најпопуларните предмети оставени во хотелска соба се играчките мечиња – 76.500 примероци од нив.

Глупаво зар не?

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: