Роберт Џонсон, веќе богат земјопоседник и проект – менаџер, доби 5 милиони фунти на националната лотарија.
Тој веднаш потрошил 100.000 фунти на Бентли Континентал, кој за кратко време му потона во вода.
Но, Роберт веднаш го заменил со нов Мерцедес.
„Тоа е само поплавен Бентли. Излегов и си купив нов автомобил,па работата е завршена“, изјави Роберт.
Овој 65-годишен господин кој го чувал во приватност своето лото-ливче, возел по селската лента во близина на Тукесбери, Глочестершир, кога неговиот автомобил се поплавил во околу еден метар вода. Тој се обидел да го спаси, но без успех, бидејќи Бентлито можел да се влече само од напред.
Неговиот пријател Бернард Робинсон изјави:
„Роберт исто така има и Ленд Ровер со „нуркач“, за кој веројатно мислел дека го вози кога се поплавил“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: