Гола на суд во знак на поддршка на нудизмот (Видео 18+)

Џибси Тауб, активистката која ги поддржува правата на нудистите, се соблекла гола во судот во Сан Франциско.

На сослушувањето по повод барањето да се забрани нудизмот, таа очекувано се појавила  гола, тврдејќи дека да се шеташ гол е природна, нормална и безопасна работа.

Џипси вели: „Голотијата не ги плаши децата. Кога ќе видат гола личност тие се смеат, не плачат. Тоа нив ги расположува, а не ги трауматизира.“

Меѓутоа таа била изнесена од судницата, натерана да се облече, а потоа приведена затоа што тоа било недолично однесување кое се казнува. Иако законот  тука не ја брани голотијата сама по себе, сепак секоја општина одредено однесување различно го третира, како соодветно или несоодветно.

Протестите на нудистите започнале откако било кажано дека ќе се забрани покажувањето на гениталиите во јавност.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: