Девојката од видеото за песната „Трилер“ конечно го доби својот хонорар за улогата

Ола Реј, актерката која ја глумеше девојката на Мајкл Џексон во неповторливото видео „Трилер“ конечно го доби својот хонорар за таа улога.

Оваа бивша Плејбој зајачица, која денес има 52 години, еден месец пред смртта на кралот на поп-музиката покренала тужба против него затоа што не и бил исплатен хонорарот ветен за улогата во спотот снимен пред многу години.

Судот одлучи во нејзина корист, па таа ќе добие 55.000 долари за улогата во еден од најпопуларните спотови на сите времиња и ќе и бидат исплатени уште дополнителни 20.000 долари за покривање на судските трошоци.

Џон Лендис, филмски режисер и автор на ова видео, исто така покрена тужба против Џексон, но истиот побара сума од 2 милиони долари, што е премногу.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: