Неверојатно лижавче од 700 евра

Најскапото лижавче на светот, направено од текила може да го најдете во луксузното одморалиште во Баја Калифорнија Суру.Неговите изумители предвидуваат дека лижавчето одлично ќе се продава, а тоа, освен текила содржи и листови од 24-каратно злато.

Луксузното мексиканско одморалиште на своите гости им го претстави највкусното, а сигурно и најскапото лижавче кое го пробале во животот, пишува медиумот “Oddity Central”.

Лижавчето чини неверојатни 695 евра.

Ова благ деликатес е всушност замрзната текила од највисок квалитет чие шише чини околу 1.000 евра. Наместо сол, со која текилата вообичаено се конзумира, на лижавчето му е додаден шеќер.

Тоа се сервира покрај базенот, на пластично стапче со неколку чоколадни парички, а во внатрешноста на лижавчето има неколку листови од 24 каратно злато.

 

Маркус Лос Кабос, менаџерот на одмаралиштето во Баха Калифорнија Суру вели дека е убеден дека лижавчето ќе биде голем хит кај гостите.

Пронајдете не на следниве мрежи: