Дали сте разочарани што не можете слободно да си земете дим додека уживате во пушењето марихуана, само затоа што не живеете во Колорадо или Вашингтон?
Не грижете се, затоа што ако живеете во некоја од овие пет држави, најверојатно во иднина ќе можете слободно да пушите марихуана.
Петте држави кои најверојатно ќе ја легализираат марихуаната се: Масачусетс, Калифорнија, Орегон, Мејн и Невада, а овие и не се единствените, во однос на тоа дека нацијата има прогрес за легализација на „тревата“.
Во држави како Орегон, Колорадо и Вашингтон кои задолжуваат луѓе за тоа дали сакаат да се легализира марихуаната или не, поставуваат преседан и за други држави да треба да го направат истото.
Среднорочните избори во 2014-та година би имале гласачко ливче што ќе има слично законодавство со амандман 64 во Колорадо и иницијатива 502 во Вашингтон, кое ќе ја легализира рекреативната употреба на марихуана за луѓе на возраст од над 21 година.
Орегон исто има закон кој го предложува ова легализирање за рекреативна употреба, но тој е одбиен со 54% гласови наспрема 46% од народната популација. Со толку мала маргина и со се повеќе членови на генерацијата „Y“ со право на глас, сигурно овој закон ќе помине следниот пат кога ќе се појави на гласачкото ливче и без оглед на тоа дали некои користат марихуана или не, повеќето сметаат дека треба да се легализира.
Не е изненадувачки тоа, дека што повеќе земји се либерални, толку е поголема веројатноста за легализација, така што може да се очекува дека држави како Њујорк и Хаваи исто така ќе предлочат закон за легализирање на марихуаната.
Како и секое друго политичко прашање, ако верувате во нешто, напишете го тоа до вашиот локален политичар. Без разлика што мислите, тие му служат на народот и ако луѓето доволно енергично и жестоко бараат одреден закон, тогаш тие ќе го спроведат истиот. Искористете го вашиот глас!
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: