Поучните цитати на Игор Џамбазов

Игор Џамбазов, актер, шоумен, водител, музичар, писател, човек со неверојатен живот и огромно искуство. Еден од ретките кој е спремен отворено  да зборува за себе, оној кој беше храбар да ја разголи својата приватност низ своите две автобиографски дела „Гол човек“ и „Прирачник за анти антиалкохоличари“. 

Секоја негова реченица пренесува порака и дава поука. Тешко е да се избере најдоброто од сето она што го кажал.

Ние ви претставуваме неколку цитати на оваа жива легенда.

„Една од дестетте Божји заповеди треба да гласи: Не лажи, бакнувај. Да ја бакнував секогаш кога ја лажев таа ќе беше најсаканата жена на светот.“

„Колку и да се обидувам да го растерам од моите мисли она што како грев сум и го „подарил“ сфаќам дека тоа е едноставно невозможно. На неа мислам постојано. На неа мислам и кога не мислам дека мислам.“

„Пријателот не сака камати. А оној што сака, не ти е пријател.“

„И кога сите бродови ќе ти потонат најди едно поле. Поле широко. Па затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и ..диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки.  Да научиш нешто од себе. Нешто од она што веќе си го искусил.“

Оној, можеби најдобриот цитат на легендарниот Џамбазов, прочитајте го тука.

Пронајдете не на следниве мрежи: