Spanking и bondage можат да биде добри за љубовната врска и можат на партнерите да им помогнат уште повеќе да се зближат, тврдат стручњаците благодарение на едно истражување направено за време на една садомазо забава.
Научниците од Универзитетот Северен Илиноис го мереле нивото на кортизол, хормони на стрес, кај 13 мажи и жени на една садомазо забава одржана во Аризона. Нивото на кортизол ја мереле пред и по садомасохистичките активности.Водачот на ова истражување Бред Сагарин, дојде до сознание дека нивото на кортизол пораснала за време на садомазо сеансата кај оние кои примале стимулација, но се вратила во нормала по 40 минути ако сеансата добро поминала. Кај оние мажи и жени кои пружале стимулација немало никакви Во другото истражување во кое го мереле нивото на тестестерон кај 45 мажи и жени на друга садомазо забава во Колорадо, резултатите покажале дека нивото на тестестерон значително пораснала кај жените кои добивале стимулација.
Во обемната студија паровите кои биле задоволни од исходот на забавата истакнале дела тоа ги зближило уште повеќе.
Ричард Вајсман, психолог од универзитетот Хертфордшир во Хатфилд додаде дека било која активност може да помогне во зближување. Тоа не мора да бидат садомазо игри, тоа може да биде и заедничко правење ручек или чистење на станот, тврди тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: